Кајса Викоф Лие е победничка на спустот што се возеше во Квитфјел, а се бодуваше за Светскиот куп во алпско скијање.
Дваесет и четири годишната Норвежанка до првиот триумф во кариерата стигна со време од минута 32 секунди и 36 стоти дела и за 29 стотинки беше побрза од Софија Гоџа од Италија додека трета со 41 стотинка послаб резултат е Корин Зутер од Швајцарија.
Со второто место Гоџа го обезбеди малиот кристален глобус, а Шифрин која настапот во Норвешка го заврши со делба на петтата позиција, а нејзината најголема конкурентка Лара Гут Бехрами беше дури 21-ва, Американката обезбеди недостижна предност во генералниот пласман и успеа да триумфира во Светскиот куп за оваа сезона.
За Шифрин ова е петти пат да го освои трофејот и се израмни со легендарниот Марк Џирардели. Пред Шифрин на вечната листа се Анемари Мозер Плер и Марсел Хиршер.
