Останато Спорт

Лие славеше во Квитфјел, Кристалниот глобус за Шифрин

Кајса Викоф Лие е победничка на спустот што се возеше во Квитфјел, а се бодуваше за Светскиот куп во алпско скијање.

Дваесет и четири годишната Норвежанка до првиот триумф во кариерата стигна со време од минута 32 секунди и 36 стоти дела и за 29 стотинки беше побрза од Софија Гоџа од Италија додека трета со  41 стотинка послаб резултат е Корин Зутер од Швајцарија.

Со второто место Гоџа го обезбеди малиот кристален глобус, а Шифрин која настапот во Норвешка го заврши со делба на петтата позиција, а нејзината најголема конкурентка Лара Гут Бехрами беше дури 21-ва, Американката обезбеди недостижна предност во генералниот пласман и успеа да триумфира во Светскиот куп за оваа сезона.

За Шифрин ова е петти пат да го освои трофејот и се израмни со легендарниот Марк Џирардели. Пред Шифрин на вечната листа се Анемари Мозер Плер и Марсел Хиршер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе