Заедница на албански општини – политичка егзибиција на Алтернатива за подобар рејтинг по излез од владата или непромислен предлог на нејзиниот генерален секретар за поделба по етничка линија?
До каде одат политичките апетити за останување или доаѓање на власт? Владата ги доби новите министри по 15 дена пратеничка расправа со лични обвинувања и навреди. Партијата останува пред граѓаните?
Ова се само дел од прашањата на кои дебатираа во вечерашната Топ Тема на Телма Снежана Калеска Ванчева од СДСМ, Гордана Силјановска – Давкова од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Вјолца Адеми од ДУИ и Зеќирија Ибрахими од Алтернатива.
