Вести Македонија Најважни

ФЗО : Исплатата на платите на здравствените работници зависи дали до утре ќе се соберат податоците од сите јавни здравствени установи

Исплатата на задоцнетите плати на здравствените работници престојнава седмица зависи дали до утре ќе бидат собрани податоците од сите јавни здравствени установи, велат од Фондот за здравствено осигурување. Од таму објаснуваат дека нивни тимови работат прекувремено со цел податоците да стигнат на време.

– Ако сите јавни здравствени установи ги достават податоците до ФЗО за исплата на платите до утре кога беше крајниот рок, на здравствените работници ќе им бидат исплатени јануарските плати во текот на престојната работна недела, велат од Фонд за здравствено осигурување.

А, доколку не бидат доставени сите податоци тогаш платите ќе бидат исплатени преку Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со Трезорот на ФЗО, што е законски можно, дополнуваат од Фондот. Нивната реакција следува по бранот незадоволство од синдикатите на здравствените работници кои најавија протест во среда, дури и ако платите започнат да се исплаќаат од утре и во вторник.

Проблемот со платите настана откако беше хакиран и пробиен информатичкиот систем на ФЗО преку кој сите вработени во здравството примаат плати. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, крахот на ФЗО значи и крах на целиот здравствен систем. Граѓаните не можат да добијат лек на рецепт иако плаќаат здравствено осигурување, не се исплаќаат боледувањата, а нема ни плати за здравствените работници. Од партијата побараа одговорност од функционерите кои можеле, како што велат, а не го спречиле крахот на здравствениот систем.

– Сликата денес говори дека двајцата директори на ФЗО не можат да се видат во јавност. Едниот наводно шета надвор од државата, а токму тој во својата биографија има наведено дека има напредни вештини од ИТ технологија. Освен овие двајца , ни трага , ни глас нема ни од уште деветте секторски директори, како и од седуммината членови на Управниот одбор на ФЗО, вели Игор Николов- претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

И Телма се обиде , но со денови не успеа да стапи во контакт со директорката на Фондот, Грашковска за да каже до каде е постапката за одблокирање на системот и дали податоците на здравствените осигуреници се безбедни.

Хакирањето на системот на ФЗО се случило кога се вршел пренос на податоците од стара на нова фирма, која требало да го одржува и штити. При трансферот била спуштена заштитата, а старата фирма немала направено бекап на податоците, дознава Телма. Тоа било искористено од хакерите и по упадот ги заклучиле податоците. Потврда за тоа даде премиерот Ковачевски , кој кажа дека се бара октуп за пристап до информациите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе