Вести Македонија Топ вести

Пендиков бил транспортиран на лекување во Софија, без да биде побарана согласност од македонското обвинителство

Никој не побарал согласност од македонското обвинителство за транспортот со авион што бугарските власти му го организираа на секретарот  на бугарскиот клуб „Цар Борис“ од Охрид,  Христијан Пендиков, да се лекува на ВМА во Софија, иако за кафеанската тепачка во која тој се здоби со тешки повреди се води активна истрага. Ова за Телма го потврдуваат од Јавното обвинителство, но тврдат дека Пендиков е достапен за органите на прогонот.

Во однос на транспортот на наведеното лице, од јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија. Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и е достапен на органите на прогонот. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице, соопштуваат од ЈОРМ. 

За 23 годишниот Пендиков не бил одреден притвор, ниту друга мерка за обезбедување за дрогата, што кај него лани ја пронајде полицијата, затоа што била мала количина, а по пријавата се постапува, по што ќе биде донесена одлука, велат од обвинителството.

При личен претрес кај пријавениот било констатирано  поседување наркотична дрога од помали количини – 0,3 грама кокаин. Со оглед на тежината на кривичното дело и другите факти во предметот, надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај не се исполнети законските основи за да побара мерки за обезбедување на осомничениот, додаваат од обвинителството.

Иако сѐ уште истрагата е во тек,  политичарите во Бугарја и Македонија, инцидентот што се случи на 19 јануари во Охрид, го оквалификуваа како напад од омраза кон Бугарите. Правните експерти сметаат дека тоа е притисок врз истражните органи. Како што посочи адвокатот Владимир  Туфегџиќ, истрагата е веќе контаминирана, додека пак, начинот на кој Пендиков е изнесен од државата е опасен преседан со целосно игнорирање на македонските правосудни власти.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе