Вести Македонија Најважни

Смената на директори со притисоци како во автократски режим, тврди програмскиот совет на МКЦ

Притисоци како во автократските режими. Вака од Програмскиот совет на МКЦ, го пренесуваат искуството на в.д. директорот Ванчо Богоев, на кого секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров не му дозволувал да ја напушти канцеларијата додека не ги потпише двете нови решенија за вработување.

Едното се однесувало за позицијата шеф на Служба за општи работи, а другото за лице за односи со јавност- позиција која требало да ја добие музичарот и пејач Бени Шакири.

Богоев не прифатил да го потпише решението кое за Шакири би било отскочна даска за директорската функција, по што е експресно разрешен, велат од МКЦ.

„На тој состанок, ако можам да го наречам состанок, одземен телефон, обезбедувањето до Ванчо постојано поставено. Обезбедување кое што го следи и кога ќе излезе надвор од просторијата. И т.н. Значи нешто што е во најмала рака својствено за режимски начин на одлучување. Се со цел да потпише вработување кое како што гледаме од искуство после овие 5-6 дена, треба да се трансформира во работен однос директор на МКЦ“ – вели претседателот на програмскиот совет на МКЦ, Филип Николовски.

За нов в.д. директор е поставен Никола Алексов, дипломиран детектив , кој од пред некој ден е ангажиран привремено на функцијата шеф на Служба за општи работи во МКЦ.

Тој нема никакво работно искуство во културна установа каква што е МКЦ,вели Николовски, кој најави проверка на повредата на нивниот Статутот, направена со поставувањето на Алексов за в.д. директор.

„Градоначалникот назначува в.д. директор привремено.Во Статутот на МКЦ е дефинирано дека тоа треба да биде лице од вработените. Човекот е вработен само два месеци , како пробен период преку Агенцијата за привремени вработувања.И ова претпоставувам дека е изигрување на законот“ – додава Николовски.

МКЦ е репресиран со инспекции, Финансиска полиција и ревизии во последниве години, откако под притисок на јавноста и независната сцена, Бени Шакири не успеа да стане директор на оваа установа во 2019, вели Николовски.

Иако се обидовме, денеска не успеавме да стапиме во контакт со Шакири, за коментар за најновите случувања.

Од МКЦ се незадоволни од Град Скопје и зашто добиле само 32 000 евра за годинашната програма , што според нив се должи на некомпетентна одлука која е применета како урамниловка во повеќе установи.

Од Град Скопје нема одговор за притисоците, но велат дека се работи за евалуација на перформансите од работата на директорите, за што е планирана и ревизија на досегашната работа која започнува од петок.

Од МКЦ велат дека нема да запрат во борбата за професионализација на институциите . Најавија дека ќе се борат со сите расположливи законски средства и преку доградување на програмата за работа во лошите финансиски околности.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе