Делегацијата на Европската Унија и мисијата на ОБСЕ во Македонија одговорија на реакциите на ТВ Телма на изјавите од лидерот на ДУИ и премиерот на владата, Димитар Ковачевски.
Од делегацијата на Европската Унија потсетуваат дека слободата на медиумите е темелна вредност за Европската Унија.
„Таа е основа на демократските општества, кои може да напредуваат кога граѓаните имаат пристап до сигурни информации и да донесат соодветни одлуки. Тоа значи дека, од една страна, медиумите треба да им обезбедат на граѓаните, точни и навремени информации за прашањата од интерес на јавноста. Од друга страна, на медиумите мора да им се овозможи да работат независно, слободни од притисок или мешање или постапки кои може да доведат самоцензура или загрозување на новинарите“ – подвлекува Европската Унија.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ, во својата реакција укажува дека слободните и плуралистички медиуми, кои уживаат максимална уредувачка независност, имаат важна улога во слободни и отворени општества со одговорни системи на владеење.
„Нашата Мисија е силен поддржувач на слободата на медиумите во Северна Македонија“ – потенцира ОБСЕ.
