Вести Македонија Најважни

Христијан Нинески го фати крстот во Вардар – трет пат од осум обиди

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление.

На овој ден, според христијанската религија, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради осветувањето на водите на овој ден.

Одбележувањето на празникот почна со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“.

Во Скопје настанот и годинава се одбележува со положување на светиот крст во водите на реката Вардар кај мостот „Слобода“.

Крстот го фати Христијан Нинески, кој на сите луѓе им посака добро здравје и среќа. Тој кажа и дека трет пат го фатил крстот од вкупно осум обиди во минатите години.

Крстот во реката Вардар го фрли поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Г.Г Стефан.

Фрлањето на крстот во Вардар го следеа голем број верници и граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе