18 луѓе загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна покрај градинка во источното предградие на главниот град Киев.
Меѓу загинатите има и три деца, а уште 15 се згрижени во болница. Повредени се 29.
Министерот Денис Монастирски бил со уште осум други во хеликоптерот.
Неговиот прв заменик министер и државниот секретар, исто така, загинаа, соопштија официјални лица, кога хеликоптерот се урнал во предградието Бровари.
Шефот на националната полиција Ихор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската служба за вонредни состојби.
По несреќата избувнал пожар во близина на градинката и децата и вработените биле преместени од зградата. Остатоци од хеликоптерот се видливи надвор од запалената зграда.
Во моментот на несреќата било темно и магливо, а првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда.
Дваесет и две лица се пренесени во болница, меѓу кои и 10-те деца.
