Вести Македонија Најважни

Ахмети сега ретерира за непријателски медиуми без да се извини на Телма- гледачите виновни според лидерот на ДУИ, но не посочува емисија на ТВ Телма за своите обвинувања

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по жестоките реакции на медиумите и новинарските здруженија сега тврди дека не правел листа на непријателски медиуми на која ја стави и Телма. Завчера на партиски настан во Гостивар наведе дека медиуми се непријатели, а синоќа во интервју за ТВ Клан тврдеше поинаку.

– Не сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма. Јас сум иритиран од тоа што го слушам на ТВ Алфа од сограѓаните Македонци кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, дека Албанците ќе ја преземаат државата, дека Македонија станува Албанија се до навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи, изјави за ТВ Клан претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

– Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ, рече Ахмети.

Во ова интервју Ахмети не посочи за која програмска содржина или емисија на Телма се однесува неговата забелеша за “непријателство”.

Лидерот на ДУИ Ахмети не се извини на Телма за своите квалификации кои ги изрече во Гостивар, а со тие квалификации ги доведува во опасност новинарските екипи и медиумските работници на ТВ Телма.

По неговата прва изјава во Гостивар, премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди својот коалиционен партнер во владата ја осуди уредувачката политика на Телма што е во спротивност со сите европски стандарди за слобода на изразување и слобода на новинарството.

Ковачевски оцени дека Ахмети имал факти и лично мислење за медиумите, но потоа лидерот на ДУИ ретерираше, додека премиерот и претседателот на СДСМ остана на својот став за осуда на медиумите.

Телма за овој оркестриран напад на партиите од владеачката коалиција ги извести странските амбасади и мисијата на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе