Вести Македонија

ОЈО – свика брифинг. Завршена истрагата против Жан Митрев, следи ли обвинение за измама на пациенти?

Основното Јавно Обвинтелство утре ќе информира до каде е предметот оформен по допрен глас во врска со сомненија за измама на пациенти.

Станува збор за доктор Жан Митрев, кој во емисијата „Нечиста крв“ на ИРЛ беше посочен дека во приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќал на пациентите високи суми на пари за хемофилтрација при лечење од Ковид -19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.

Обвинителите Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева ќе им соопштат на новинарите за исходот на истрагата.

Од трите правни можности: дали таа продолжува, дали ќе оформат обвинение или не успеале да најдат доволно докази за да го докажат делото „сомнение измама на пациенти“,  засега неофицијално е дека истрагата е завршена, а исходот ќе биде обвинение против управителот и сопственик на клиниката, д-р Жан Митрев, за што повеќе детали ќе соопшти обвинителското дуо.

Митрев, стана предмет на истрага во скопксото обвинителство откако истражувачката лабараторија{ИРЛ},  посочи дека постојат пропусти во упторебата на методи за лекување на Ковид 19, скапа пракса на што тој и тимот лекари негираше злоупотреби при примената кај стотина пациенти.

Митрев во интервју во „Топ тема“: Сега слушам од вас дека Обвинителството утре ќе се произнесе за предметот против мене

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе