Вести Македонија Најважни

Пожар во казино во Ѓорче Петров

Пожарот што избувна во казино во Ѓорче Петров е изгаснат, изјави командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Претходно, градоначалникот на општината Александар Стојкоски информираше дека нема човечки жртви во пожарот.

Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект, туку за приватен, изјави Стојкоски по увидот на градежните работи за новата градинка во Волково.

Пожарот избувна утринава, а во гаснењето учествуваа шест противпожарни возила. Поради пожарот, сообраќајот во овој дел од општината се одвиваше отежнато.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Дејан Дејан

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе