Вести Македонија Најважни

Блок 1 од РЕК Битола е надвор од употреба, загубите се одржуваат со увоз и со хидро

Еден блок во РЕК Битола од доцна синоќа е надвор од употреба поради дефект, информира директорот на МЕПСО, Муртезани. Се наоѓаат алтернативи во производството, додека да се санира истиот. Од МЕПСО велат дека тешко оди и наплатата на заостанатите долгови од страна на субјектите кои влечеле струја од мрежата на оваа компанија.

Капацитетите за производство на струја повторно се преполовија. По дефектот во ТЕЦ Осломеј кој се случи во неделата, доцна синоќа и блок 1 во РЕК Битола е исфрлен од употреба. Информацијата ја потврдија од МЕПСО, од каде што добиле информација дека исклучувањето е планско. 24 часа ќе трае ремонтот на блокот, а засега производството се одржува на алтернативни начини.

  • „Во моментов, не можеме да кажеме точни бројки бидејќи тоа се менува постојано, во зависност од конекцијата на системот. Меѓутоа тоа што го гледаме денес иако е исклучен првиот блок во Битола – загубите се покриваат со хидро и од увоз и нема недостаток на електрична енергија во системот. Ние не ги знаеме плановите за производство на ЕСМ така што не можеме ние да кажеме како тие планираат да го одржат производството“ – Орхан Муртезани – Директор на МЕПСО.

МЕПСО е една од компаниите која побара од Регулаторната комисија за енергетика да се донесе одлука за поскапување на струјата. Барањата ги темелат на големи загуби во преносната мрежа, а директорот Муртезани вели дека и сѐ да биде прифатено од страна на РКЕ, вкупната цена на струјата нема значително да се зголеми.

  • „Нашето барање за покачување на преносната тарифа за 29,7% е врз основа на високите цени за покривање на загубите во преносната мрежа. Колку и да се зголеми нашата преносна тарифа тоа нема да има над 5% врз вкупната цена на електричната енергија во земјата“ – Орхан Муртезани – Директор на МЕПСО.

Засега тешко оди наплатата на долговите коишто ги натрупаа субјектите кои влечеа струја од мрежата на МЕПСО во изминатиот период, велат од компанијата. Станува збор за милионски суми, а фирмите кои навремено не ги извршиле своите обврски се со привремено блокирани сметки и како легнуваат средства на нивните сметки, така и МЕПСО наплаќа само дел од долгот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе