Вести Наука и здравје Свет

САД ќе објават „голем пробив“ за постигнат успех во добивање енергија од нуклеарна фузија

Министерството за енергетика на САД денеска треба да објави „голем научен пробив“, откако дел од американските медиумите објавија дека федералната лабораторија неодамна постигнала голема пресвртница во истражувањето на нуклеарната фузија.

Администрацијата ќе објави дека Министерството за енергетика и Националната лабораторија „Лоуренс Ливерморво Калифорнија“ (ЛЛНЛ) постигнале „нето енергетска добивка“ од експериментален реактор за фузија.

Тоа би било првпат истражувачите успешно да произведат повеќе енергија во реакција на фузија, процес што се одвива во Сонцето, отколку онаа што е потребна за одржување на процесот, потенцијално голем чекор напред во потрагата по енергија со нула загадување со јаглероден диоксид.

Портпаролот на Одделот за енергетика и ЛЛНЛ изјави дека не може да коментира, но истакна дека американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм утре „ќе објави голем научен пробив“.

Според него „анализите сè уште е во тек“.

„Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани две лица, запознаени со истражувањето го потврдиле развојот, а реномиран научник за фузија изјавил за весникот: „За повеќето од нас, ова беше само прашање на време“.

Некои научници нуклеарната фузија, ја сметаат за потенцијална енергија на иднината, особено затоа што произведува занемарлив отпад без издувни гасови.

Фузијата се разликува од фисијата, физички процес што моментално се користи во нуклеарните централи, со спојување на две атомски јадра наместо разделување на едно.

Објектот за фузија ЛЛНЛ се состои од речиси 200 ласери со големина на три фудбалски игралишта, кои бомбардираат мало место со високи нивоа на енергија за да иницираат реакција на фузија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата

Tea Dimkovska

„Да не го напуштаат живеалиштето, да им се одземат пасошите“ – Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројцата тепачи на малолетник во Ченто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе