Вести Македонија Најважни

Блокада на приватните превозници, Град Скопје апелира за ревидирање на одлуката, граѓаните колатерална штета

Град Скопје го раскина договорт со „Слобода превоз“, а долгот остана неисплатен. Приватниот превозник бараше решавање на проблемот, но без епилог. Со протести и блокади го бараа долгот од над милион ипол евра за да можат да возат по скопските улици.

„Апелираме до „Слобода превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор“, велат од Град Скопје.

Скопјани утре со нова главоболка. Освен граѓаните кои автобусите им се алтернатива за да стигнат до своите работни места и домови и оние кои ги користат автомобилите ке се соочат со проблем. блокада на „Илинденска“.

Приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со 200 автобуси ќе бидат паркирани пред градското собрание. Едниот ултиматум градските власти го пробија, следниот е до понеделник.

И додека првиот човек на ЈСП, Александар Стојковски тврди дека ова претпријатие нема долг кон приватните превозници, Ленин Јовановски контра директорот. Долгот од доаѓање на градоначалничката Данела Арсовска е зголемен за три пати повеќе.

Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ го поврзуваат едниот со другиот дел на градот Скопје со 15 автобуски линии. Доколку до крајот на неделава градските власти не им го подмират долгот на приватните превозници кој ги спречува да возат по скопските улици- од понеделник следува целосна блокада на градот Скопје.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

Sonja Petrusevska

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе