Вести Македонија Најважни

Булинг во Градско: Деветооделенец трпел омаловажувања и физички напади две години, намалено поведение за двајца соученици

Омалуважувања и физички напад трпело дете од деветто одделение од основното училиште „Даме Груев“ во Градско. Тоа траело две години, сè додека еден ден дома не си дошол со гребаници по телото и искинат долен веш, по што родителите случајот го пријавиле во Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според директорката, решение на овој проблем е намалено поведение на овие двајца ученици и преместување во друг клас.

Иако поминаа 18 дена од пријавата од МВР најавуваат дека Јавниот обвинител и Центарот за социјални работи Велес ќе постапуваат по овој случај.

„Има пријава од родител на малолетно лице кое се пожалило дека е вознемирувано и добивало закани од свои соученици. Од страна на инспектор на СВР Велес известен е Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, кој е надлежен за постапување за случаите поврзани со малолетници“, соопштуваат од МВР.

Министерството за образование, пак, го осудува секој вид насилство и повикува училиштето да постапува согласно законите за основното образование. Додека Телма беше во домот на деветооделенецот, социјалните служби беа на разговор со ученикот, но посетата заврши без детали за медиумите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за сопругот на Димитровска која наплаќаше за Куклица, фрлал камења кон инспектори на УЈП

Sonja Petrusevska

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе