Вести Македонија Топ вести

Идните контролори наскоро ќе летнат за Данска

Осуммината идни контролори на летање сепак деновиве ќе летнат за Данска. Под притисок од јавноста, директорите уште синоќа потпишале согласност, а во текот на денот таа и официјализирана по дополнителните интервјуа со избраните кандидати. Го задолжиле претседателот на Комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката.

Тврдат дека, „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, туку дека се придржувале кон нормативните акти“.

Интервјуата ги вршеа членовите на Комисијата за надзор, кои вчера депонираа оставки со назнака да бидат активирани доколку се поништи успешниот оглас. Изненадени се зошто мора да се вршат дополнителни проверки, откако данскиот тренинг центар ги направи сите тестирања, но се согласиле со цел да ја отстранат и таа пречка на нивниот пат.

Во знак на поддршка, и други нивни колеги денеска депонирале оставки, со што списокот се искачи над 30. Меѓу нив има и Македонци и Албанци, кои не сакаат да пропадне огласот само затоа што на списокот нема кадри на ДУИ.

Синдикатот вчера откри дека тројцата членови на Управниот одбор сакаат да го поништат огласот затоа што нивни деца, но и партиски кадри, паднале уште на првиот тест, направен од данскиот тренинг центар, по што за обука биле избрани лица кои не се „ничии„, а освоиле највисок број на бодови. Побарале отчет од Данците за изборот, со што постапката се одолговлекува и постои можност целиот процес да пропадне.

Сепак, постарите контролори на летање се зачудени  од нивната постапка, особено затоа што, со новиот начин на тестирање е невозможно да влезе некој со „врски„.

Се сомневаат дека информациите од Данците се бараат за тие самите да поднесат отчет пред партијата, зошто не успеале да ги протнат посакуваните кадри. Двајца од членовите на одборот се кадри на ДУИ.

Објаснуваат  дека, ФАСТ тестот е продукт на Еуроконтрол, што го користат сите земји членки на ЕУ и е исклучително тежок, го поминуваат само 5 отсто од кандидатите. Тие што нема да го поминат, се смета дека ги немаат потребните вештини за оваа работа и немаат право во следните две години повторно да го полагаат. Во М-НАВ се применува од 2018 та и е невозможно некој да добие сертификат во ЕУ, без да го положи.

Засега не се знае ни дали некој ќе поднесе одговорност за скандалот.Управниот одбор може да биде сменет од Надзорниот одбор, кој, пак, е назначен од владата. Вчера и вицепремиерката Грковска побара одговори и одговорност.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе