Вести Македонија Топ вести Топ тема

Шалевиќ Христовска во „Топ тема“ за ревизиите: Лани утврдивме неправилности во износ од околу шест милијарди денари

Според годишната програма за 2021 година, извршивме 68 ревизии од кои 56 ревизии на регуларност, седум ревизии на успешност и три ревизии на усогласеност. Во сите ревизии на регуларност, наш предмет се јавните набавки и можам да кажам дека во текот на 2021 година имавме опфат од 90 проценти на јавните набавки и утврдивме неправилности во износ од околу шест милијарди денари, истакна Росица Шалевиќ Христовска, помошничка на главниот државен ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР), во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма ТВ:

„Во ревизиите на јавни набавки е вршена ревизија во сите фази, почнувајќи од планирањето, самата постапка, спроведување на самата постапка и, секако, реализација на договорот. Во сите тие фази, ние имаме доста забелешки што ги обелоденуваме во нашите извештаи. Имаме направено анализа на неправилности со кои најчесто се сретнуваме во ревизиите. Пред сè, во фазата на планирање во која не е точно определена потребата, не е прецизно наведено како е дојдено до проценетата вредност, не е утврдена количината. Во одредени случаи не се земени во предвид ниту средствата со кои субјектите располагаат за да можат да го направат целиот план за јавни набавки“, вели Шалевиќ Христовска.

И постапките на итност, како што посочи, се доста често предмет на ревизија и на нив се обрнува посебно внимание.

„Во сите нив, без исклучок, бараме да ја видиме оправданоста за спроведување на таа постапка за јавна набавка преку преговарање без објавување на оглас. Во таквите случаи, бараме да го добиеме образложението, што во некои случаи е навистина добро, како на почетокот на појавата на ковидот. Тие постапки, така спроведени, во тоа бунило, во тој хаос, во таа паника, навистина беа од итност. Меѓутоа по шест месеци, сметам дека требаше да се прибереме или да ги спроведеме сите постапки како редовни, отворени, а на како постапки од итност“, вели помошничка на главниот државен ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Таа посочи на примери во кои ДЗР имал доста забелешки во пандемијата на ковид-19. Според Шалевиќ Христовска, главно се склучувале договори преку преговарање, без објавување на оглас, пришто немало конкуренција.

„Значителни беа износите што ние како граѓани ги плаќавме. Имаме забелешки на неколкукратното зголемување за набавка на маска, на КН тестови. Самите увозници ги продавале по одредени цени, меѓутоа овие кои што ги набавувале, ги препродавале по многу повисока цена“, рече Шалевиќ Христовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе