Големиот шумски пожар во регионот Жиронд, во југозападна Франција, е ставен под контрола, но сѐ уште не е целосно изгаснат.
Пожарникарите во текот на ноќта успеале да ги локализираат новите жаришта.
Француските власти предупредуваат дека повисоките температури, намалената влажност и засилениот ветер можат повторно да го разгорат пожарот.
Командантот на пожарникарите Матје Жомен изјави дека состојбата е смирена, но дека на теренот има бројни жаришта кои претставуваат потенцијална опасност.
Поради зголемениот ризик, властите евакуираа речиси 4.000 луѓе од туристички места на атлантскиот брег западно од Бордо.
Од почетокот на пожарот се евакуирани околу 220.000 жители и посетители, а годинава во Франција изгореле повеќе од 1.160 квадратни километри површина.
