Вести Македонија Топ вести

Стоилковиќ: Вандализам врз српско културно друштво во Куманово

За вандализмот во Куманово, министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави и видео од безбедносни камери. На видеото се гледа како две лица ноќта во петокот кон саботата, околу 1 часот по полноќ, паркираат автомобил и излегуваат неколку пати, приближувајќи се до влезот на српското културно-уметничко друштво во Куманово и чкртаат написи и графити. По неколку минути се оддалечуваат.

„Настанот е пријавен во СВР Куманово, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, одговараат од МВР.

Инцидентот се случил во центарот на Куманово во објектот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, каде се наоѓа културното друштво. Министерот Стоилковиќ вели дека станува збор за вандализам, инспириран од ксенофобија и шовинизам. 

„Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратено со незаслуженот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивјачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде со фолклор (КУД „Српски вез“) се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира“, напиша Иван Стоилковиќ, министер за локална самоуправв и претседател на ДПСМ, на Фејсбук.  

Стоилковиќ без многу детали наведува дека има политики кои го потикнуваат ваквото однесување. Првично немаше официјално осуди и реакции по настанот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре ќе се знае дали ќе се укине забраната за употреба на водата во Крушево

Sasko Dimovski

Парното повторно поскапува, овој пат до 6 отсто – ќе се намалат ли проблемите оваа зима

Дејан Дејан

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе