Вести Македонија Топ вести

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците, Сабетим Ќеркези е осомничен дека примил награда за да помогне во полагање на стручен испит за стоматолог. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) дошло до докази против Ќеркези преку екстрахираните податоци од одземените мобилни телефони во истрагата за ботоксите.

„Според досега прибраните докази, во декември 2025 година, осомничена опфатена во истражната постапка поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, му дала парична награда на првоосомничениот, доктор по стоматологија и претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците, за тој, користејќи го своето реално и претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, да интервенира со цел за да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК.

Ќеркези, според обвинителството, интервенирал кај претседателот на Испитната комисија за полагање стручен испит за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата.

„По положувањето на испитот, првоосомничениот ѝ ги доставил податоците од својата трансакциска сметка, а осомничената извршила уплата на паричен износ како награда за посредувањето. Согласно досега обезбедените докази, првоосомничениот дел од ветената награда му ја предал на второосомничениот“, додаваат од ОЈО ГОКК.

Колкава е висината на наградата треба да покаже истрагата. Претседателот на Испитната комисија се гони за примање на поткуп. Во текот на месецов беше проширена и истрагата за ботоксите и беа извршени претреси во две болници и приведени три лица, меѓу кои и двајца доктори.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници и барал пари – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе