Вести Свет Топ вести

ЕУ воведува нови правила за патници во авионскиот сообраќај – денеска ќе се одобрат, во сила ќе стапат во 2027 година

Новите правила за права на патници во воздушниот сообраќај во Европската Унија (ЕУ) се очекува денеска и официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила.

Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со попреченост и лицата со намалена подвижност.

Според новите правила, децата помлади од 14 години ќе имаат право да седат до своите родители во авионот без да мора да плаќаат дополнителна такса за избор или резервација на седиште. Тоа право ќе се однесува и на бремените патнички, како и на лицата со намалена подвижност кои патуваат со придружник.

Авиокомпаниите ќе мора бесплатно да ги корегираат печатните и правописните грешки во имињата на патниците наведени на билетите, како и да не смеат да наплаќаат надомест за печатење бординг-карти за регистрираните патници.

Новата регулатива е насочена кон поголема заштита на патниците и појасно дефинирање на обврските на авиокомпаниите во рамките на воздушниот транспорт во ЕУ.

Во однос на компензациите за патниците при доцнење и откажување на летови, постојните правила ќе останат главно непроменети, независно повеќегодишните несогласувања меѓу земјите-членки и Европскиот парламент околу измените на овој дел од регулативата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се основа Кинеско-македонска стопанска комора во Скопје

Sasko Dimovski

Пратениците ќе разрешуваат досегашни членови на Владата и ќе избираат нови

Sasko Dimovski

Бројот на жртви во двата разорни земјотреса во Венецуела достигна 4.490

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе