Вести Македонија Топ вести

Заменскиот лек за болните од астма и ХОПС го нема во аптеки – Клековски најавува решение до петок

„Во моментов го немаме лекот Блоцета“.

Oва е одговорот што го добиваат пациентите кои во аптеките го бараат лекот Блоцета. Станува збор за терапија наменета за пациенти со астма и Хронична опструктивна белодробна болест, која требаше да биде достапна и поевтина алтернатива на лекот Фостер. Но, во моментов Блоцета не може да се најде во аптеките. Ова значи дека околу 10.000 пациенти кои ја користат оваа терапија во моментов може да користат само Фостер, кој со најновите змени што ги направи Фондот за здравство чини повеќе од илјада денари. Надлежните најавуваат одговор до крајот на неделава.

„Ние сме во комуникација со двата производители и очекувам до петок да биде појасна состојбата со достапноста на двата лека бидејќи и до двата производители разговараме околу некои промени“, рече директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Промени сега има и кај клексанот кој досега пациентите често го купуваа со сопствени средства. Од пред една недела е на позитивната листа на лекови. Заедно со него, на листата се додадени и антикоагулансите надропарин и ривароксабан.

Тоа значи дека пациентите повеќе нема да треба прво да ги купуваат лековите, а потоа да бараат рефундација од Фондот, туку ќе можат да ги подигнуваат во аптеките со рецепт од специјалист и со пониска партиципација. За оние кои го купиле Клексан од 1 до 15 јули, Фондот најави рефундација за да не бидат оштетени.Од таму уверуваат дека аптеките и матичните лекари се известени за новиот начин на издавање и дека лековите од позитивната листа мора да се добијат на рецепт.

Се што е на позитивна листа мора да се издава на рецепт. Од дискусија со фармацевтските куќи имам информација дека на некои аптеки не порачале доволни количини, меѓутоа очекувам во наредните денови да се стабилизира снабдувањетокон помалите градови, кон помалите аптеки . Пациентите не смеат да бидат вратени доколку имаат рецепт“ рече Сашо Клековски директор на ФЗО

Клековски кој наскоро ќе седне во министерската фотелја во здравство, вели дека за две години позитивната листа на лекови е проширена, но зголемени се и контролите кога се издаваат лековите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со владината одлука за геолошки истражувања во источниот регион се отвора патот за нови рудници – велат од Здрава Котлина

Дејан Дејан

Ниту се открива компанијата, ниту колку пари се потрошени – Општина Кисела Вода без конкретен одговор за пропаднатиот пат од Теферич до Сопиште

Sasko Dimovski

Дваесетина портали со домен .tv под лупа на АНБ и МВР за поттикнување тензии меѓу Македонија и Бугарија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе