Вести Свет

САД и Иран без пробив во Доха, разговорите продолжуваат

Индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха завршија без конкретен напредок кон траен мировен договор, но со позитивни сигнали за спроведување на привремениот договор постигнат во јуни.

Главен фокус на дводневните технички разговори беа безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот Теснец и ослободувањето на замрзнатите ирански средства.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има напредок околу идните разговори за иранската нуклеарна програма, иако извори блиски до преговорите наведуваат дека ова прашање не било дел од актуелната рунда.

Следната средба е најавена по погребот на иранскиот врховен лидер, а посредници во процесот остануваат Катар и Пакистан.

Ормутскиот Теснец, низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта и течен природен гас, останува клучна тема во преговорите. Иран најавува дека од средината на август ќе воведе такси за пловидба, додека неизвесноста околу безбедноста во регионот продолжува да влијае врз глобалните енергетски пазари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аеродромите бараат од Фон дер Лајен летно укинување на биометриските контроли – авионите полетуваат полупразни, патници чекаат во редици

Kristina Kuzmanovski

Безбеден град“ ќе почне да евидентира сторени сообраќајни прекршоци и од странски возачи

Kristina Kuzmanovski

„Возел”со 177 км/ч на место каде било дозволено 80 – полицијата го уапси

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе