Вести Македонија Топ вести

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30%, на мета девојчињата

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30% покажуваат анализите на научната фела. Насилството меѓу врсниците станува алармантно по завршување на ковид пандемијата, а жртвите кои трпат интернет насилството за разлика од другите форми на малтретирање се изложени 24 часа. Најчеста мета зад тастурата се девојчињата, се соочуваат со ширење на лажни информации, злоупотреба на лични податоци и закани.

  • Акo e физичко насилство ќе се видат модринки или нешто што е видливо, но кај сајбер насилството или психичкото или емоционално насилство има страшни последици по жртвата , а тоа е губење на самодоверба, затварање во себе, станување на интровертна личност, неможност да се соочи со средината, да не зборувам во однос на нејзиното ментално здравје кои се последиците. Вели  проф.д-р Татјана Стојановска Иванова.

Стојановска-Иванова посочува дека често стравот и срамот кај жртвите, како моќни емоции се причина да не се пријавува насилството. Токму за полесно препознавање на врсничкото насилството од страна на наставниот кадар од Штип почнуваат и првите обуки. Целта на  психолози и социолози кои ќе ги спроведуваат обуките на наставниот кадар во средните и основни училишта е наставниците навреме да ги препознаат знаците на насилство меѓу учениците.

  • Иван Јорданов градоначалник на Штип почнува од 1.06 целта е преку овие обуки да бидат вклучени сите чинители, стручните служби во училиштата, професорите, родителите, локалната самоуправа кои се надлежни за рана превенција, делување, спречување на оваа појава која ни се случува пред се во образовните институции, исткна Иван Јорданов градоначалник на Штип

Социолозите и психолозите порачаа дека жртвите мора насилството да го пријавуваат, а за да не се создаваат насилници меѓу врсниците многу е важно семејството, односно родителите да работат со своите деца.

Викторија Јованова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дваесет и два дена загадена вода се вбризгувала во гостиварскиот водовод

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе