Масовен украински ракетен напад оштети енергетска инфраструктура во руската Белгородска област, на границата со Украина, вклучително и во градот Белгород, соопштија локалните власти.
Според информациите, нема жртви, но прекинати се снабдувањето со електрична енергија и со вода.
Не се објавени дополнителни детали за нападот и за обемот на штетата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
