Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид упати жестоки критики за моровниот процес и потенцијалното постигнување договор за завршување на војната меѓу САД и Иран.
Јаир инсистира дека деталите од договорот кои досега ги слушнал се вознемирувачки за Израел, и го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за нарушување на односите со западните земји што придонело Тел Авив да изгуби огромен дел од нивната поддршка, и на тој начин да ја изгуби и можноста да влијае врз нивните одлуки кои се однесуваат на Блискиот Исток.
Деталите од договорот меѓу САД и Иран, иако сѐ уште нејасни, се многу вознемирувачки. Од тоа што го знам, што излезе, овој договор е лош за Израел, лош за регионот, лош за граѓаните на Иран. Овој договор значи две работи: прво, дека ова нема да биде последната војна. Второ, дека Нетанјаху не успеа да оствари ниту една од воените цели кои самиот ги постави, порача опозицискиот лидер.
Лапид, кој и самиот беше премиер пред 4 години, повторно коалицираше со Нафтали Бенет, со кој во 2021 година успеаја да му стават крај на непрекинатото 12 годишно владеење на Нетанјаху, но нивната влада се распадна по нецели две години.
