Вести Македонија

Меѓуетничките односи се најважниот столб на стабилноста и не смеат да се користат за политички поени порача Гаши

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Вин-вин“ предупреди дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки, оценувајќи дека секое потпалување на тензии претставува ризик за стабилноста на државата.

„Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и не се прифатливи. Овие односи се најбитниот столб на стабилност во државата“, рече Гаши.

Тој се осврна и на критиките за неговата политичка позиција во однос на уставните измени и францускиот предлог, потсетувајќи дека како лидер на Алтернатива претходно поддржал отворање на европскиот процес, но дека денес, како претседател на Собранието, има обврска да ги претставува ставовите на парламентарното мнозинство.

„Нема ни транзиција во ставот, нема ни лицемерие. Ние мислиме дека треба да има уставни измени, но од позиција на претседател на Собрание ги искажувам државните позиции на мнозинството“, изјави Гаши.

Тој додаде дека во јавноста мора да постои поголема чувствителност кон прашањата што дел од граѓаните ги доживуваат како закана за идентитетот и јазикот.

„Ние мислиме дека треба да има уставни измени, но од позиција на претседател на Собрание ги искажувам државните позиции на мнозинството. Ова е однос према Македонците кои се чувствуваат загрозени по идентитетот и јазикот“, додаде Гаши. 

Сепак претседателот на Собранието оцени дека политичките актери имаат и одговорност да избегнуваат реторика што може дополнително да ги продлабочи поделбите во општеството, особено во чувствителни политички периоди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе