Вести Македонија Топ вести

Обвинувања за распродажба на државно градешно земјиште во Тетово по 1 евро за квадрат

Опозицијата во тетовскиот Совет ја обвини локалната власт и градоначалникот Касами дека за малку пари ќе продава државно градежно земјиште кое го менаџира Општина Тетово. Тие сметаат дека овие измени и дополнувања на Програмата за располагање со градежно земјиште ќе овозможат продавање по симболични цени од 1 евро за квадрат.

Опозициските советници на ДУИ од говорницата и потоа при гласањето со транспаренти го обвинија градоначалникот Касами дека со оваа одлука тој создава ситуација да се прави бизнис со тоа земјиште. Дел од советниците сметаат дека треба да се продаде земјиштето, но со повисока цена.

„Грешката што направена во минатото пред некои 10 години со овој ценовник за продавање на државното земјиште да се среди и од прилика, иако се продава државно земјиште и да се продава по пазарна цена, по што цените што се моментално се многу ниски и се продаваат парцели по 1 евро за метар квадратен во места кај што да купиш парцела од прилика е 300 до 400 евра. Мислам дека ова треба да се среди за повеќе пари да влегуваат во буџетот на Општина Тетово“, изјави Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“.

Од Општина Тетово велат дека станува збор за измена и дополнувања на Програмата. Тоа не значи дека сите парцели ќе се продадат, а ако тоа се прави ќе биде преку системот за јавно наддавање. Велат дека предложените цени претставуваат минимум износ согласно државен ценовник, формиран во времето кога сегашната опозицијата била на власт.

„Овие тврдења изнесени од страна на опозицијата на денешната седница на советот дека државното земјиште со кое менаџира општината ќе се продава по 1 евро за метар квадратен се невистини. Ќе се формира посебна комисија и се ќе оди според законските процедури. Меѓутоа, во никој случај земјиштето нема да се продава по 1 евро за метар квадратен, инаку одлука која е донесена во времето кога ДУИ беше во локална власт“, изјава Милена Вучевска, портпаролка на Општина Тетово.

Дел од програмата се 20-тина парцели со различни големи и локации.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе