Вести Македонија Спорт

Национален ден на ракометот: Македонија против Словачка за пласман на нов мундијал

Ракометен спектакл се очекува вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ особено откако претпладнево од Ракометната федерација на Македонија потврдија дека влезниците за реванш натпреварот за пласман на СП 2027-ма година меѓу Макдонија и Словачка се распродадени.

За селекторот Кирил Лазаров и нашите најдобри ракометари, ова е веројатно совршено сценарио, ако се знае дека главниот дел од нивната задача го одработија на гостински терен. Пред три дена во Прешов, тие убедливо прославија со 31:24, па  мисијата да ја одбранат веќе заработената предност од плус седум погогоци пред нивната омилена, домашна публика, ќе биде многу полесна, а и за нив ќе понуди атмосфера во која надигрувањето истовремено е и  вистинско уживање.

Очекувањата на спортската јавност се дека вечерва рутинирано ќе прославиме нов пласман на еден ракометниот Мундијал, кој ќе се одржи во јануари 2027-ма година, а кој за Македонија би бил осми во низа и вкупно десетти во историјата.

Денеска во Скопје се одбележува и Националниот ден на ракометот, со програма која вклучува спортски и забавни активности за сите возрасти. Почетокот е закажан во 14 часот пред платото на СЦ „Борис Трајковски“, а очекувањата се вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Словачка кој ќе започне во 19 часот, да биде кулминација на целодневната ракометна програма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се ревидира бугарско-турскиот договор за пренос на гас – Ердоган и Радев имаат 15 месеци да ги испеглаат разликите

Дејан Дејан

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Буџетот развоен и реален за власта, преоптимистички и со погрешни проекции за опозицијата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе