Вести Македонија Топ вести

Изведување на докази на судењето против поранешната претседателка на Антикорупциска Татјана Димитровска

Судењето против поранешната претседатлека на Антикоруппциската комисија Татјана Димитровска продлжи со изведување на докази на одбраната.

Во судницата беа објавени документи, а беа пуштени и секвенци од видеа од седници на ДКСК од минатиот и актуелниот состав.

Според одбраната,  тоа докажува  дека не може да стане збор дека Димитровска му оддала службена тајна на обвинетиот Небојша Стојановиќ, затоа што седниците се се уште јавно достпани на Ју тјуб каналот на комисјата,  а списите и документиите во предметите не се службена тајна.

Материјални докази изведуваше и одбраната на обвинетата Билјана Мантева Петрова која одговара одавање за службени тајни на Небојша Стојановиќ.

Обвинителите велат дека доказите на одбраната ја потврдуваат тезата на обвинителството дека податоците биле споделени на незаконски начин.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе