Вести Култура Топ вести

(фото)Македонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во Тирана

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”).

Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцираше важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко.

  • „Културата не е само наследство што го чуваме, туку жива сила што нè поврзува и нè движи напред – токму преку ваквите средби создаваме нови вредности, нови партнерства и заедничка иднина“, истакна Ѓоргова.

Таа нагласи дека учеството на Република Македонија на овој значаен настан претставува можност за промоција на богатото културно наследство и современата уметничка сцена, како и за отворање нови перспективи за соработка во областа на креативните индустрии и иновациите.

Ѓоргова го посети и македонскиот павиљон  на експо фестивалот, каде своја презентација имаа уметници, претставници на фестивали, музички продукции, филмски уметници, занаетчии, туристички оператори и претставници на културниот сектор во земјата.

Фестивалскиот дел започна со 40-минутен сценско-визуелен перформанс на истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и Камерниот оркестар „Профундис“, во соработка со оркестарот на Албанската радио-телевизија.

Овој уникатен проект понуди современ аудиовизуелен концепт што ги спојува класичната музика, електронските елементи и визуелната уметност, претставувајќи силен уметнички вовед во македонското присуство на фестивалот, при што македонските уметници се претставија рамо до рамо со интернационални имиња од светската сцена.

Поради значајното учество и придонес во промоцијата на културата, на Министерството за култура и туризам и на Македонскиот културен центар во Тирана организаторите на фестивалот им доделија специјално признание.

Присуството на фестивалот во Тирана се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам и претставува важен чекор за меѓународна промоција на македонската култура, отворање нови можности за соработка и поголема видливост на домашната уметничка сцена на регионално и европско ниво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Норис на пол-позицијата, казна го симна Хамилтон на петтото место

Sportska Redakcija

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе