Вести Свет Топ вести

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Пепел и чад – шумските пожари продолжуваат да беснеат во Франција и во Шпанија, а бројот на евакуирани надмина 270.000 луѓе. Според француското Министерството за внатрешни работи речиси 200.000 се раселени само во Франција, најголем број се од градовите во западните предградија на Бордо, а последната во серијата евакуации во текот на ноќта беше од регионите Жиронд и Ландес.

Пожарникарите во Жиронд во текот на ноќта се бореа со огнот, додека властите во Франција евакуираа некои предградија на Бордо, бидејќи огромниот шумски пожар се префрли кон градот познат по своите вина. Владата ја мобилизираше војската да се приклучат во борбата против пламените јазици и донесе 1,5 милиони маски за луѓето да се заштитат од чадот.

  • „Конкретно што значи тоа во пракса? Тоа значи дека во секоја општина, секоја општина погодена од овој пожар, секој жител, без разлика дали е редовен жител или привремен жител, ќе добие известување на својот мобилен телефон од нас, невозможно е да се пропушти. Тоа е многу кратка порака, но со многу препознатлив рингтон. Значи, тие ќе добијат известување на својот телефон од нас, со што ќе им се даде зелено светло. Секој треба да се подготви, но да замине само кога ќе им наложиме“ – Софи Брокас, префект на Нова Аквитанија.

Десетици француски пожарникари се повредени, но не се пријавени смртни случаи во ниту една од двете земји и покрај сцените на паника додека граѓаните бегаа со автомобили, а полицијата одеше од врата до врата за да им каже на луѓето да си одат додека големи облаци чад го затемнуваа небото.

Во меѓувреме, шпанските власти веќе прогласија вонредна состојба, премиер Педро Санчез утринава рече дека приоритет е „спасување животи“ и заштита на населените области, но предупреди дека „состојбата е сложена“.

Пожарникарите признаваат дека пожарите се шират толку брзо и интензивно поради што тие не можат да се справат со нив. Штетата во Сени-сиен-тос во регионот на Мадрид е непроценлива. Вирулентноста на пожарите, поттикнати од високите температури и долгорочните ефекти од климатските промени, ги изненади противпожарните екипи и властите во двете земји.

  • „Размерот на пожарот се промени доцна попладне. Всушност, овој пожар со кој живееме и се бориме со него овде во Жиронд три дена достигна невидени размери. Во моментов, овој пожар е поттикнат од силен западен ветер и се движи кон исток од департманот и кон метрополитенската област Бордо“ – Софи Брокас, префект на Нова Аквитанија.

Пожарите веќе изгореа 1.140 квадратни километри шума годинава во Шпанија, што пет пати поголема од изгорената површина во првата половина на минатата година. Шпанската цивилна гарда уапси еден човек и истражува друг за наводно користење тешка машинерија во област каде што тоа беше забрането поради ризик од пожар. Полицијата смета дека искра го запалила пожарот. Други европски земји пристигнаа на помош. Грција, Холандија, Португалија и Италија веќе ги испратија своите канадери.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе