Вести Македонија Топ вести

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка  против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен износ од 18.000 денари од лице од селото Бело Поле, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши.

  • Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС порака од Агенцијата за да се јават на обука за работа, осомничениот му рекол на оштетениот дека доколку ја одбие обуката ќе му ја укинат социјалната помош. За тоа да не се случи, побарал од оштетениот да му дава половина од социјалниот надоместок – паричен износ по 6.000 денари. Исто така осомничениот му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид, објави обвинителството.

Следниот ден, оштетениот во канцеларијата му однел 4.000 денари, а потоа уште 2.000 денари и продолжил месечно да го исплаќа. При предавањето на последниот износ од 6.000 денари на 24 јули, полициски службеници ги пронашле и одзеле банкнотите од осомничениот, а тој веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе