Денеска екипите на јавните претпријатија со тешка механизација сечеа и отстрануваа големи стебла во парковите и на јавните површини, но во голем дел од населбите и натаму има паднати дрвја и гранки што чекаат расчистување.

Приоритет беше да се ослободат улиците и да се нормализира сообраќајот.
Иако првично беа пријавени 189 паднати стебла, се проценува дека нивниот број е повеќекратно поголем.

Најголеми штети има во градскиот парк, на гробиштата Бутел, како и во населбите Карпош и Аеродром, каде што се оштетени и десетици возила.

Екипите и во наредните денови ќе продолжат со расчистување на теренот.
Б.С.
