Вести Македонија

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Велешанецот Илчо Гиовски пред околу 2,5 години донираше црн дроб за да го спаси животот на својата штотуку родена ќерка. Сега малото девојче расте без здравствени проблеми.

Во Македонија 29 пациенти чекаат трансплантација на срце, 12 на црн дроб и 160 на бубрег, додека околу 20 лица се на листата за пресадување рожница. Еве дел од пораките на последната панел-дискусија за органодарителството одржана во Велес.

Бројките на листите постојано се менуваат поради извршени трансплантации, вклучување нови пациенти или смрт на лица кои навреме не добиле орган.

На почетокот на јули на листите биле евидентирани 37 пациенти за срце, 12 за црн дроб, 168 за бубрег и 23 за рожница.

Кадаверичното дарување е можно само кај пациент со утврдена мозочна смрт, кој е хоспитализиран на интензивна нега, приклучен на респиратор и под терапија за одржување на циркулацијата.

Органодарителството мора да биде доброволно, информирано и без принуда.

Од 1 октомври граѓаните ќе можат кај матичниот лекар да потпишат изјава дека сакаат да бидат органодарители. Одлуката ќе се евидентира во нов дигитален модул во „Мој термин“, а граѓанинот ќе може во секое време да ја промени или повлече.

Новото законско решение го проширува и кругот на живи дарители до четврти степен на сродство, со задолжителна проверка од етичка комисија. Министерството паралелно подготвува национална листа за евидентирање на лицата што дале согласност за дарување органи и ткива по смртта.

Во 2026 година беа извршени 16 трансплантации на рожница, како и трансплантации на срце и бубрег од починат дарител. Панелот во Велес е дел од националната кампања за зголемување на информираноста и довербата во системот за органодарителство.

Во видеото проследете ги изјави на Илчо Гиовски, родител донор, проф. д-р Билјана Кузмановска, националната координаторка за трансплантација и проф. д- р Соња Бојаџиевска, педијатар игастроентерохепатолог.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе