Со гала вечер предводена од ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во придружба на врвни уметници и млади таленти вечерва беше отворено 22-то издание на Танц Фест Скопје.

На иницијатива на примабалерината Стојанов се воспоставува награда Роксан Стојанов за млади балетски уметници која ќе биде вечерва доделена.

Од сите 13 учесници, беше направен потесен избор од најдобри пет финалисти, коишто настапија на гала вечерта во МНТ, натпреварувајќи се за еднонеделен професионален престој во Париз, во месец јули 2026, под менторство на Роксан Стојанов.
Нина Стефанова

Б.С.
