Вести Култура Македонија Топ вести

(фото/видео) Фрескоживописот во црквата Св. „Константин и Елена“ во струмичко Мокрино ќе се реставрира и конзервира

Ќе се реставрира и конзервира фрескоживописот во црквата Свети Константин и Елена во струмичкото село Мокрино. Со околу два милиона денари, средства кои Општина Ново Село ги доби преку унгарскиот кредит од Владата, ќе се обноват уништените фрески стари над 150 години.

  • „Црквата е изградена 1874 година, фрескоживописана е во 1875 од Антон од Мелник. Оваа црква настрадала за време на Првата светска војна кога навлегуваат Бугарите на оваа територија и го имаат оштетено фрескоживописот. Сега со оваа конзервација фреските ги враќаме во полн сјај“, вели Бранко Ѓоргиев, директор на Завод и музеј Струмица.

Жителите се радуваат на оваа вест. Велат дека црквата е централно место каде жителите се собираат на најголемите празници, но и за семејни веселби.

  • Во последно време многу повеќе се посетува храмот, за разлика од поранешните години кога масовно се иселуваше народот од нашето село. Сега повторно се враќаат и за време на поголемите празници храмот е целосно полн. Има добра атмосфера кога се среќаваат граѓаните кои подолго време биле отсутни од селото, така што е прекрасно“, вели Велков Стојан од с. Мокрино, член на црковниот одбор.

Градоначалникот на Ново Село вели дека ќе се заштитат и други цркви во општината, со цел да се зачува културното и духовно наследство.

  • „Сметам дека со овој проект со оваа поддршка сите православни верници при посетување на овој православен храм ќе може да уживаат во фреските и еден важен проект поддржан од Владата и министерството, дојде ден да почнеме да ги заштитуваме нашите цркви“, рече Георге Божинов, градоначалник на Општина Ново Село.

На црквата ќе работат конзерватори од Националниот конзерваторски центар во Скопје и од Струмичкиот музеј, а работата треба да е завршена за околу шест месеци.

Сузана Мицева

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе