Вести Македонија Топ вести

Со 100 нови возила Владата ја спасува државната пошта од пропаст

„Пратката влезе во Македонија пред два месеци сè уште ја чекам“, „добив покана за суд со задоцнување“, „не ме известија дека пратката ја вратиле“, „поштарот не доаѓа на врата“, „испратив писмо честитка три месеци патува до Битола“… Ова се само мал дел од поплаките кои граѓаните ги објавуваат на социјалните мрежи, а се поврзани со работењето на државната пошта.

Работи со загуба, има фонд на амортизирани возила стари 15-тина години, третина од вработените се администрација, а просечната возраст е над 55 години. Вала изгледа реалната слика за државната пошта кој денеска доби од Владата донација вредна на 100 милиони денари, односно 90 пикап возила и 10 комбиња со кои треба транспортот на пратки да биде далеку поефикасен.

„Има 37 проценти администрација која сега ја намаливме со одлука на Управниот одбор, промена има во систематизацијата. И препораките се да го намалиме бројот на административци и да ги скратиме подружниците од 15 на 9. Тоа и го правиме, се надевам дека ќе имаме резултатите следната година. Имавме 600.000 неподелени пратки кои ги средивме за една недела и ги поделивме на граѓаните. Тие стоеја во магацинот, сега нема ниту една пратка која стои во магацин, а проблем беше со возилата и тоа ќе се среди, само ни треба уште малку време“, изјави Орхан Куртиши, директор на „Пошта на Северна Македонија“.

Од Владата најавија дека ќе ја модернизираат и нема да ја продадат, а како причина за пропаѓањето на државата пошта го посочија либерализирањето на пазарот и доминацијата на приватните фирми кога станува збор за вносните пратки.

„Во следниот период очекуваме да се набави софтвер и сортирка која што во регионот воопшто ја нема и ќе биде најмодерна поштенска институција во целиот регион. Наша цел е да ја зајакнеме „Македонска пошта“. Во моментот се работат законски измени кои ќе ги презентираме за брзо време, ќе се избалансира пазарот. Некаде над 75 проценти од целокупниот промет во државата го прави „Македонска пошта“, а кога ќе видите на страна на приходи е обратно што значи дека либерализацијата на пазарот, наместо да создаде конкуренција, создаде монопол на приватните пошти кои ги земаа најпрофитабилните бизниси и не се заинтересирани да носат писмо од Скопје до Вевчани“, изјави Александар Николоски, прв вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Пет милиони евра загуба во 2025 година се пресметките на актуелното раководство кое тврди дека откриле десетици фиктивни вработени од претходното раководство исклучиво по партиски клуч.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе