Вести Култура Македонија Топ вести

Неговата мудрост, знаење и хуманистички дух привилегија за сите што го познаваат – комеморација за проф.д-р Кирил Темков

Секој разговор со професорот Темков беше предизвик и поттик за подлабоко размислување и барање на смислата и вредноста на животот. Неговата мудрост, знаење и хуманистички дух беа привилегија за сите што имаа можност да го познаваат. Со овие зборови колегите и студентите се сеќаваат на големиот професор, филозоф и етичар Кирил Темков, кој остави безвременска трага во македонската наука.

  • Неговата појава секогаш беше препознатлива, а неговиот глас, силен и авторитетен беше потврда за неговата личност и дека е тоа потврда и специфика за неговиот карактер. Строгоста што ја носеше како категоријална црта можеше на прв поглед да создаде впечаток на личност која е недостапна, но зад таа строгост се криеше и мудрост и љубов и разбирање – проф.д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофски факултет – Скопје. 

Неговите поранешни студенти, денес колеги никогаш нема да ја заборават својата прва средба со професор Темков.

  • Професорот Темков со својата интелектуална и физичка габаритност буквално го пробиваше патот. Значи тој на сите полиња расчистуваше и концептуални и социјални и секакви други непроодни патишта, некогаш дури и џунгли и се бореше на секој начин и како што беше споменато за афирмација на македонската култура, на македонската општествена и хуманистичка мисла… – проф. д-р Ана Димишковска, Филозофски факултет-Скопје.
  • Неговата смрт претставува ненадоместлива загуба и за македонската академска интелектуална заедница. Тоа е загуба што не се мери само со празнината што останува во институциите затоа што, туку и со тишината што се вселува во етичката маса и јавната одговорност, тоа што денес ни недостасува- проф.д-р Дејан Донев, Филозофски факултет  -Скопје.

Кирил Темков беше автор на бројни дела кои ја збогатија македонската филозофска мисла. Неговите книги, трудови и преводи ќе бидат вечен патоказ за идните генерации, сведоштво за неговата посветеност и постојаното трагање кон научната вистина.

Секако особено значаен е неговиот придонес во воведувањето на етиката во сите степени на образованието.

Нина Стефанова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

(видео)Оштетена железничката инфраструктура – од електровлечната подстаница Драчево украдена опрема вредна пет милион евра

Дејан Дејан

(видео)Органодарителството спасува живот – мора да биде доброволно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе