Вести Македонија Топ вести

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

По орканскиот ветар во неколку општини во источниот регион штетите се санираат, а проценителите пресметуваат колку пари ќе требаат да се санираат кровните конструкции на неколку витални објекти.

Во Штип од ветерот кој се движеше со брзина од 134 километри на час настрадаа кровните конструкции на болницата, училиштето „Ванчо Прќе“ и детската градинка „Вера Цириви Трена“.

За целосна санација на кровот на училиштето и градинката се потребни еден милион денари на Општината, а пак за болницата се уште се прави пресметката колку би чинела санацијата и пациентите да се вратат на одделението за ортопедија, кои сега се сместени по други одделенија, а новите случаи се хоспитализираат по другите болници во земјата.

  • На Клиничката болница во Штип, е направена првична санација на оштетениот дел од кровната конструкција, со цел да се спречат дополнителни штети при нови врнежи. Во тек е отстранување на шутот, а поради работите привремено е променет пристапот на возилата и пациентите. Пациентите со скршеници се уште се препраќаат по другите здравствени центри. Колку ќе чини целосната санација, дополнително ќе биде познато по завршување на проценката – соопштуваат од КБ Штип.

Граѓаните од Штип, Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип ги пријавуваат штетите во општините. За само неколку дена во Пробиштип има доставено над 100 пријави.

Општинските комисии веќе се на терен за да ги проценат штетите кои ги имаат граѓаните и институциите од силното невреме.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полемиката меѓу Муцунски и Османи околу преговарачката рамка не запира

Дејан Дејан

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе