Едно лице загина, а две се повредени, откако се урна кран на градилиштето на новиот мост во Белград. Кранот носел метална конструкција тешка 350 тони, а се срушил за време на градежни зафати при што едно лице загинало, а другите биле пренесени во Ургентниот центар пренесуваат српските медиуми.
По несреќата на градилиштето, се огласи и надлежното Министерство. Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура соопшти дека околу пладне, на градилиштето на мостот на реката Сава во Белград се случила несреќата, а починатото лице било работник со кинеско државјанство.
„Со длабоко жалење ја известуваме јавноста дека денес околу пладне на градилиштето на мостот над реката Сава во Белград се случи несреќа во која животот го загуби еден работник, државјанин на Република Кина. Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура изразува искрено сочувство до семејството на повредениот кинески работник. Во овој тежок момент, нашите мисли се со семејството на жртвата и двајцата повредени работници“, соопшти министерството.
Надлежните органи се на местото на настанот и ги утврдуваат околностите за настанокот на несреќата соопштуваат од министерството. Освен министерството, на терен е и градежна инспекција, а новинарите кои биле присутни на самото место здогледале работници кои како што велат се кинески државјани кои по несреќата веднаш се качиле во комбе и се одалечиле од градежниот објект.
Т.Д.
Извор на фотографија:Јована Ковачевиќ/„N1“
