Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови во првиот квартал од 2026 година бележи стабилизација, објави Народната банка.
„На квартална основа, цените на недвижностите забележаа минимален раст од 0,1% , а истовремено, се забележува значително забавување на годишниот раст, кој изнесува 16,7%, наспроти 25% во претходниот квартал“, пишува во објавата на НБРМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
