Бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 е намален за 3,4% во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголемо намалување е забележано во секторот Рударство и вадење камен, каде бројот на работници паднал за 6,3%.
Во Преработувачката индустрија бројот на работници е намален за 3,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4%.
Според индустриските групи, најголем пад има во Капитални производи (-4,5%) и Нетрајни производи за широка потрошувачка (-4,1%).
Единствено зголемување е забележано кај групата Трајни производи за широка потрошувачка, каде бројот на работници пораснал за 1,6%. Намалувањата покажуваат континуирани промени во структурата на ндустриската работна сила во земјата.
