Бизнис објектив Вести Економија Свет

Војната на Блискиот Исток ги става светските централни банки во тешка ситуација

Агенцијата за трговија и развој на Обединетите нации издаде предупредување  за влијанието на војната во Иран врз глобалната економија. Нападите врз комерцијални бродови и заканите за понатамошни напади ги спречија речиси сите танкери да превезуваат нафта, гас и друга стока низ преминот. Тоа, исто така, доведе до намалувања на производството од некои од најголемите светски производители, бидејќи нивната сурова нафта нема каде да оди.

Тоа влијае на транспортот, влијае на енергијата, влијае на храната, а исто така и на цената и достапноста на сите овие производи. Значи, сите овие заедно би имале влијание врз јавните финансии на земјите, како и врз трошоците за живот и домаќинствата, вели Фрида Јусеф, раководител на одделот за економски прашања во ОН за трговија и развој.

Војната на Блискиот Исток ги става светските централни банки во тешка ситуација. Повисоките цени на енергијата веројатно ќе ја зголемат инфлацијата на краток рок, но на долг рок, долготрајната енергетска криза би можела да му наштети на растот.  Од Европската Централна банка посочија дека војната „ги направила перспективите значително понеизвесни, создавајќи ризици од раст за инфлацијата и ризици од пад за економскиот раст“.

Решени сме да обезбедиме инфлацијата да се стабилизира на нашата цел од 2% на среден рок. Војната на Блискиот Исток ги направи изгледите значително понеизвесни, создавајќи ризици од раст за инфлацијата и ризици од пад за економскиот раст. Ќе има материјално влијание врз инфлацијата на краток рок преку повисоки цени на енергијата, изјави  Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка

ЕЦБ ја остави референтнта каматна стапка за депозити непроменета на 2%, каде што е од јуни 2025 година. Клучните каматни стапки останаа непроменети, но ЕЦБ предупреди дека војната во Иран ќе ја зголеми инфлацијата на краток рок преку повисоки цени на енергијата – но дека долгорочното влијание врз потрошувачките цени и економијата е неизвесно.

Добро сме позиционирани да се справиме со оваа неизвесност. Инфлацијата е околу целта од 2%. Долгорочните очекувања за инфлација се добро закотвени, а економијата покажа отпорност во последните квартали, додаваЛагард.

Какви ќе бидат следните потези на ЕЦБ ќе зависи од тоа какви ќе бидат клучните економски показатели како резултат на војната на Блискиот Исток.  Централните банки обично ги зголемуваат стапките за борба против инфлацијата и ги намалуваат за да го стимулираат растот.

Инаку, потегот на ЕЦБ следуваше по одлуката од Банката на Англија да ја задржи својата главна каматна стапка на 3,75%, бидејќи остриот пораст на цените на нафтата и гасот по почетокот на војната со Иран предизвика загриженост за инфлацијата. И Федералните резерви на САД одлучија да ја задржат својата клучна каматна стапка непроменета. Функционерите на Федералните резерви очекуваат дека војната во Иран ќе ја влоши инфлацијата оваа година, а ќе има мало влијание врз растот, но сепак очекуваат да ја намалат својата клучна стапка еднаш во 2026 година.

-Импликациите од настаните на Блискиот Исток за американската економија се неизвесни. На краток рок, повисоките цени на енергијата ќе ја зголемат вкупната инфлација, но прерано е да се знае обемот и времетраењето на потенцијалните ефекти врз економијата. Ќе продолжиме да ги следиме ризиците за двете страни на нашиот мандат. Добро сме позиционирани да го утврдиме обемот и времето на дополнителни прилагодувања на нашата каматна стапка, врз основа на дојдовните податоци, еволуирачките изгледи и рамнотежата на ризиците, изјави Џером Пауел, Претседател на ФЕД.

Од ФЕД, предвидуваат дека невработеноста во САД  ќе остане непроменета до крајот на оваа година, што е пооптимистичка перспектива од повеќето надворешни економисти.

Дали тоа ќе се покаже како вистина во голема мера ќе зависи од времетраењето на конфликтот. Очекувањата на ФЕД се дека инфлацијата ќе се намали на 2,2% во 2027 година и да ја достигне целта од 2% во 2028 година.

Кристина Кузмановски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе