Балкан Вести Свет Топ вести

Вучиќ објави победа на СНС во сите 10 локални самоуправи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, објави победа на коалицијата предводена од СНС во сите 10 општини и градови каде вчера се одржаа локални избори, проследени со инциденти, тепачки и нерегуларности на кои посочија опозицијата и студентското движење.

Избори се одржаа во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка.

Вучиќ, чие име „Александар Вучиќ – Србија, наше семејство“ го носеа сите листи на владејачката партија на локалните избори, прогласи „победа од 10-0“ над опозициските и студентските листи  врз основа на прелиминарните партиски резултати.

Како што изјави, најнеизвесно било во Кула, каде што разликата во гласовите е – 530, како и во Бор, каде што наводната прелиминарна предност на СНС е околу 1.900 гласови.

-И благодарам на Србија за големата доверба…Се надевам дека по ова некои луѓе ќе престанат да ги бркаат сите што мислат поинаку, и дека денеска избегнавме огромно зло. Некои луѓе извади пиштоли, некои медиуми упаднаа во кол-центри, иако е нормално да ги поканиш своите поддржувачи, но претпоставувам дека револуционерните мисли често го замаглуваат мозокот со омраза кон луѓето, рече Вучиќ.

Според извештаите на независните набљудувачи и на опозициските листи, изборниот ден го одбележале бројни инциденти, а биле забележани и физички судири,  напади на граѓани, активисти и новинари. Пријавени се и бројни непрваилности:  „бугарски воз“,  фотографирање на гласачки ливчиња и притисок врз бирачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и здравствениот дом во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Продавале небезбедни играчки и опасна козметика, ЕК ја казни АлиЕкспрес 550 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Направил обрач со бензин и ја потпалил депонијата во Кочани – додека не се изгасне целосно, ќе има рестрикции во собирањето на сметот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе