Балкан Вести Најважни Свет

(Видео) Црвени метео аларми низ регионот – силни ветрови, дожд и снег во Хрватска

Поради силно невреме проследено со нагло заладување, олујни ветрови, дожд и снег, повеќе земји од регионот издадоа метеоролошки предупредувања и активираа системи за итно известување.

Во Хрватска е издадено црвено предупредување за регионот на Загреб поради северни и североисточни ветрови со налети над 90 км/ч, со ризик од паѓање дрвја, прекини во струја и сообраќај. Во сила е ѝ жолто предупредување за обилни врнежи, снег и лапавица, што го зголемува ризикот од поплави и лизгави патишта. Веќе се пријавени паднати дрвја во Загреб и повредени лица во Риека, а пожарникарите интервенирале повеќепати.

Во Србија, РХМЗ предупредува на обилни врнежи од утре до недела, со 30 до 60 литри дожд на метар квадратен и снег на планините до 30 сантиметри. Се очекува нагло заладување и проширување на врнежите низ целата земја.

Црвено предупредување е издадено и во северна Словенија, каде налетите на ветер може да достигнат до 140 км/ч, со опасност од оштетувања и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Босна и Херцеговина врнежи од дожд веќе зафатија дел од земјата, а на повисоките места паѓа снег. Се очекува променливо време со ветер и дополнително заладување.

Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да го ограничат движењето и да ги следат препораките, особено во погодените подрачја.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велика Британија има нов премиер, Бернам најави нов политички и економски модел

Kristina Kuzmanovski

Претседателката на Индија во историска посета на Македонија

Kristina Kuzmanovski

Пијан превезувал дигалка на товарно возило, уапсен е утринава на автопатот Скопје – Велес

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе