Вести Македонија Најважни

Бројот на вработени во „Рек Битола“ кои побарале лекарска помош се искачи на 120

Во вонреден инспекциски надзор на Дирекцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје од Битола, инспекторите ја затворија работничката менза во РЕК Битола поради сомневање за труење со храна. Досега околу 120 вработени во комбинатот побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Мензата ќе остане затворена се  до добивање на конечните резултати, а во меѓувреме инспекторите наредиле вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и санитарни прегледи за сите вработени.

„Во координирана акција се земени мостри од храна и брисеви од работни површини, како и од рацете и носот на вработените. Кујната е времено затворена, односно изречена е забрана за подготовка и послужување храна до завршување на постапката и добивање на резултатите од лабораториските испитувања“, соопштија од АХВ.

Вработени во комбинатот вчера се пожалија на стомачни тегоби по консумирање оброк – лазањи со сос – подготвен во кујната на РЕК Битола.

Освен 80 пациенти кои се јавија на преглед вчера до 15 часот, во текот на ноќта до утрово во Ургентното одделение имаше уште 40. Сите имаат лесна до средно тешка клиничка слика – дијареја, повраќање, дел и со температура и дехидратација. Дел се третирани амбулантски, а некои ќе доаѓаат наредните денови на терапија. Само еден пациент е хоспитализиран, изјави д-р Хараламбос Сидиропулос, инфектолог во Клиничката болница Битола.

Од комбинатот и од ЕСМ Молика, која управува со кујната,  вчера тврдеа дека не станува збор за масовно труење. Работничката менза во РЕК Битола беше обновена во септември лани, по пауза од речиси 20 години

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе