Вести Македонија

АВМУ: Носителите на јавните функции не смеат да ги дискредитираат новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), преку соопштение, посочува дека носителите на јавните функции во комуникацијата со медиумите треба да демонстрираат високо ниво на политичка култура и почитување на професионалните стандарди. Реакцијата на АВМУ е  во врска со реакцијата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на новинарско прашање поставено од новинар на ТВ Канал 5 за време на јавен настан наменет за медиумите.

„Новинарските прашања претставуваат составен дел од демократскиот процес и не смеат да се третираат како напад, ниту пак новинарите смеат да се дискредитираат поради извршување на своите професионални обврски. Носителите на јавни функции имаат обврска да демонстрираат високо ниво на политичка култура, одговорност и професионалност, со што придонесуваат кон зајакнување на довербата на граѓаните и медиумите во институциите. Ова е особено значајно имајќи ја предвид нивната улога во обезбедувањето транспарентност и отчетност кон јавноста“, пишува во соопштението на АВМУ.

Агенцијата апелира до сите јавни функционери да покажат соодветна почит кон медиумските професионалци и да вложат максимални напори за обезбедување услови за достоинствено, слободно и непречено извршување на нивната работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе