Трговскиот договор меѓу Европската Унија и блокот Меркосур ќе поќне привремено да се применува од 1 мај, сооошти денеска Европската комисија. Тоа подразбира укинување на царините на голем дел од производите од двете страни.
Портпаролот на ЕК потврди дека Брисел испратил известување до Парагвај, земја претседавач со Меркосур, со што е направен последниот чекор за отпочнување на привремена примена на договорот кој земјите на ЕУ го поддржаа на 9 јануари, пренесува Еурактив.
Привремената примена ќе се однесува само на земјите кои го одобрија договорот и за тоа ја известија ЕУ, а тоа се Аргентина, Бразил и Уругвај додека Парагвај сè уште не доставил известување.
Договорот ќе остане на сила до завршување на процесот на ратификација во ЕУ во наредните години, откако судот на правдата на ЕУ ќе донесе одлука за негово усогласување со правото на Унијата.
Европската комисија наведе дека компаниите, потрошувачите и земјоделците ќе можат веднаш да почувствуваат бенефит од договорот, додека чувствителните земјоделски сектори ќе бидатзаштитени со посебни механизми кои ќе стапат на сила во април.
Одлуката за применување на договорот наиде на противење од некои држави, меѓу кои и Франција чии официјални претставници сметаат дека со тоа се кршат демократските принципи.
